Брза пица чие тесто се мати со миксер: Мека и сочна, се топи во уста

Брза пица чие тесто се мати со миксер: Мека и сочна, се топи во уста

Израдувајте ги домашните со омиленото јадење на едноставен начин!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 450 гр јогурт
  • 2 јајца
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца и додајте ги сите состојки. Матете со миксер да добиете тесто малку погусто отколку за палачинки. 
  2. Плехот побрашнете го и намастете го, па ставете тесто, кое сте го развлекле со лажица потопена во врела вода. 
  3. Наредете намирници по желба преку печеното тесто. Испечете и уживајте!

Добар апетит!

singlepost_text