Повкусно немате пробано: Пилешко поховано месо од рерна

Повкусно немате пробано: Пилешко поховано месо од рерна

Едноставно и вкусно пилешко поховано месо од рерна.

Состојки:

  • 1 кг пилешко месо
  • 2 јајца
  • 150 гр презла
  • 1 лажичка пипер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажица мајонез

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца и додајте зачини и мајонез. 
  2. Пилешкото добро истријте го со подготвената мешавина и оставете го во фрижидер да стои околу два часа. 
  3. Извадете ги парчињата месо и исцедете ги, па извалкајте ги во презла. 
  4. Наредете го месото во тепсија и посипете со малку масло. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

singlepost_text