Брза торта со јагоди, рум и пишкоти

Брза торта со јагоди, рум и пишкоти

Направете супер вкусна торта со пишкоти и јагоди.

Состојки:

  • 400 гр. пишкоти
  • 250 мл. млеко
  • 5 лажици рум
  • 200 мл. слатка павлака
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 4 чаши јогурт
  • 2 кеси желатин
  • 10 лажици вода
  • 400 гр. јагоди
  • 1 кора од лимон

Подготовка:

  1. Се премачкува округол калап за торта со маргарин и се редат пишкоти натопени во млеко со рум.
  2. Се мати слатката павлака со кора од лимон изрендана, ванилин шеќер и јогурт, па шеќер во прав.
  3. Се меша желатин со вода и се чека да набабри, па се става во кремот.
  4. Се става врз пишкотите кремот, па сечени јагоди, па пак ред пишкоти па крем и јагоди.
  5. Така се прави додека има смеса и се лади.

 

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text