Викенд ручек: Батаци со бешамел и зеленчук

Викенд ручек: Батаци со бешамел и зеленчук

Направете вкусни батаци со зеленчук и бешамел.

Состојки:

  • 2 парчиња батаци
  • 4-5 компири
  • 1-2 тиквички
  • 200 гр. зеленчук од кесе (грашок, пченка, морков)
  • 4 пиперки
  • 1 пакување бешамел
  • 150 гр. кашкавал

Подготовка:

  1. Се сечат тиквичките и компирите откако ќе се излупат на кругови.
  2. Се редат на плех и меѓу нив се ставаат парчиња пиперки сечени.
  3. Се пече пилешкото во рерна со малку масло 25 минути, па се сече месото, се ставаат зачини и се става врз компирите и тиквичките со зеленчукот од кесе.
  4. Се става масло и е пече  на 200 степени 30 минути.
  5. Се става бешамелот горе кога ќе омекне зеленчукот и се става кашкавал рендан, па се запекува уште 15 минути.

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука