Тиквици полнети со мисиркино месо и фета сирење: Лесен оброк за топлите денови

Тиквици полнети со мисиркино месо и фета сирење: Лесен оброк за топлите денови

Вкусни тиквици на грчки начин…

Состојки:

  • 4 тиквици со средна големина
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно сечкан
  • 3 чешниња лук, ситно сечкани
  • 450 гр мисиркино месо, мелено
  • 1 лажичка оригано
  • сол
  • бибер
  • 2 домати исечкани на коцки
  • фета сирење, исечкано на коцки

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200 степени. Во плех ставете хартија за печење. 
  2. Тиквиците пресечете ги по должина, па со лажица издлабете ја средината и ставете во плех. 
  3. Во тенџере ставете маслиново масло, па издинстајте кромид, додека не добие златножолта боја. Додајте лук и мелено мисиркино месо, и динстајте 6-7 минути на среден оган. 
  4. Потоа додајте зачини, домати исечкани на коцки, сол и бибер по вкус и динстајте, мешајќи уште 2-3 минути. 
  5. Тргнете од оган, па филувајте ги тиквиците, а потоа ставете ги во загреана рерна и печете десетина минути. Посипете со коцки фета и послужете топло.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта