Вкусен ручек или мезе: Колбаси со пиво

Вкусен ручек или мезе: Колбаси со пиво

Направете вкусен ручек или мезе за со пиво.

Состојки:

  • 8 колбаси
  • 2 главици кромид
  • ½ л. пиво
  • 1 луто пиперче
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка:

  1. Се загрева масло на тава и се ставаат колбасите да се пржат.
  2. Се сече кромидот и се става во сад за печење, се редат колбасите горе.
  3. Се сече пиперчето, се става пиво и се ставаат зачини по избор.
  4. Печете 20 минути на 200 степени.