Азиска салата со масло од кикирики

Азиска салата со масло од кикирики

Здрава и вкусна азиска салата.

Состојки:

  • 1/4 главица зелка
  • 1/4 главица црвена зелка
  • 2 моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 1/2 веза свеж магдонос
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 2 лажици масло од кикирики
  • сок од лимета
  • 2 лажици соја сос
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица оризов оцет
  • сол
  • бибер
  • црн сусам

Начин на подготовка:

  1. Двата вида зелка исчистете ги и исечкајте ги на тенки ленти, па ставете ги во голема чинија. Додајте на стапчиња исечкани пиперки, морков, сусам и ситно сечкан магдонос. 
  2. Во мала чинија измешајте кикирики путер, масло од кикирики, сок од лимета, оцет, мед, сол и бибер. Прелијте ја салатата, добро измешајте, па ставете во фрижидер да отстои половина час.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте