Сочен колач прелиен со чоколадо: Засладете го денот со овој неодолив десерт

Сочен колач прелиен со чоколадо: Засладете го денот со овој неодолив десерт

Овој колач ќе ги воодушеви сите ваши гости…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 250 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр сечкани ореви
  • 200 гр кисела павлака Пекабела
  • 100 мл масло
  • 250 гр чоколадо за готвење
  • 100 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • 3 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво, сечкани ореви, павлака, масло и 100 гр растопено чоколадо. 
  2. Сѐ добро измешајте и ставете во плех со големина 30х20, кој претходно сте го обложиле со хартија за печње. 
  3. Печете на 200 степени околу 50 минути. Колачот исечкајте го на коцки. 
  4. Чоколадото растопете го со млеко, додајте 2-3 лажици масло и изедначете. 
  5. Исечениот колач прелијте го со чоколадо и протресете за чоколадото да влезе во просечениот дел.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед