Вкусно предјадење: Грчка супа која не се готви

Вкусно предјадење: Грчка супа која не се готви

Најубавото предјадење кое можете да им го послужите на гостите и семејството.

Состојки:

  • 1 кг зрели домати
  • 200 гр цедено кисело млеко
  • 200 мл ладна вода
  • 70 мл маслиново масло
  • 2 прстофати мелен бибер
  • 1 гранче нане
  • 30 мл сок од лимон
  • 2 лажички сол

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги доматите и испасирајте ги или сомелете ги. Додајте цедено кисело млеко, ладна вода, сок од лимон, бибер, маслиново масло и листови нане. 
  2. Ставете во блендер на 2 минути на максимална брзина. Треба да добиете глатка и воздушеста маса. По желба додајте уште сок од лимон или сол и бибер, па зачинете по ваш вкус. 
  3. Ставете ја ладната супа во садови, украсете со листови нане, млаз ароматично маслиново масло или ако сакате во секоја порција можете да ставите по лажица кисело млеко.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?