Брза банана торта со бисквити без печење

Брза банана торта со бисквити без печење

Ако немате време да подготвите колачи, а ви се најавиле гости, тогаш за само неколку минути направете ја оваа торта.

Состојки:

  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр маргарин
  • 250 гр мелени бисквити
  • 4 кисели јаболка изрендани без кори
  • 5 банани
  • 4 кесички шлаг

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот разматете го со шеќер во прав. Додајте мелени бисквити, изрендани јаболка и 3 изгмечени банани. Формирајте правоаголна торта од половина од масата. Во средина ставете 2 цели банани и преку тоа вториот дел од масата. Од горе украсете со разматен шлаг.

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text