Супер одат со компири: Сочни ќофтиња од рерна

Супер одат со компири: Сочни ќофтиња од рерна

Направете ќофтиња во рерна, супер ручек за со компири.

Состојки:

  • 1 кг. мешано мелено месо
  • 1 кромид
  • 1 јајце
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче бибер
  • 3 лажици презла

Подготовка:

  1. Се става меленото месо во сад со сите зачини, па рендан кромид и јајце и презла.
  2. Се замесува и стои во ладилник 20 минути.
  3. Се обликуваат ќофтиња, се редат во плех со хартија и се печат на 200 степени 25 минути.

singlepost_text