Вкусни пилешки лазањи

Вкусни пилешки лазањи

Вкусни пилешки лазањи – јадење кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1 пакување кори за лазањи кои не се готват
  • 300 гр пилешко бело месо
  • 200 мл неутрална павлака
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 2 моркови
  • 200 гр трапист сирење
  • 100 мл кечап
  • сув зачин
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на коцки, морковите изрендајте ги и сѐ зачинете по вкус. Продинстајте на масло околу пет минути па потоа прелијте со мешавина од павлака и оставете на тивок оган да крчка додека не згусне.

     

  2. Со масло премачкајте огноотпорен сад и наредете лазањи. Преку секоја кора ставете фил од пилешко и павлака, прелијте со малку кечап и така направете со сите кори па по врвот посипете со рендано трапист сирење, прекријте со алу-фолија и печете 45 минути на 200 степени. Тргнете ја фолијата и печете уште пет минути да се добие кора.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

Десерт готов за 20 минути