Торта со кафе и два вида пудинг

Торта со кафе и два вида пудинг

Направете торта со кафе и два вида пудинг.

Состојки:

  • 1 шолја кафе еспресо
  • ½ шолја изронети бадеми
  • ½ пакување пишкоти
  • 1 л. млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 1 пудинг од чоколадо

Подготовка:

  1. Се вари кафето.
  2. На рингла ставаме две тенџериња со по пола литар млеко и една лажица шеќер во секое.
  3. Се става пудинг од ванила во шолја со 4-5 лажици вода и се меша, а тој со чоколадо исто со 4-5 лажици вода во друга шолја.
  4. Се става во едното тенџере ванилата, во другото чоколадото.
  5. Се вари и згуснува.
  6. Се лади и меша.
  7. Се става на дно на сад чоколаден пудинг, околу половина, па пишкотите потопени во кафе.
  8. Се става горе ванила, па пишкоти со кафе.
  9. Се реди така додека има фил и пишкоти.
  10. Горе ставаме ванила и бадеми и ладиме.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко