Доручек за 10 минути: Варени јајца на тост леб

Доручек за 10 минути: Варени јајца на тост леб

Ако немате време за најважниот оброк, тогаш направете го овој вкусен доручек за само 10 минути.

Состојки:

  • 2 јајца
  • леб од цело пченично зрно
  • 6 шери домати
  • 1 авокадо
  • 1 лажичка маслиново масло
  • сол
  • сув босилек

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги јајцата да се готват, потоа тостирајте го лебот и наредете авокадо исечкано на парчиња. Потоа исечкајте шери домати и преку доматите ставете маслиново масло, сол и босилек. 
  2. Јајцата во меѓувреме ќе бидат готови, па исечкајте ги и додајте ги заедно со доматите на парчињата леб.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text