Деликатесни ќофтиња од компири – Плус идеја за совршен сос за нив

Деликатесни ќофтиња од компири – Плус идеја за совршен сос за нив

Направете совршени ќофтиња од компир.

Состојки:

  • 1 кг. компир
  • 1 кромид
  • 50 гр. маргарин
  • 1 лажиче вегета
  • 50 мл. кисело млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажиче сол и бибер

Сос:

  • 1 шолја кисело млеко
  • 4 лажици мајонез
  • 1 чешне лук ситнет
  • 2 лажички мелени ореви
  • сол

Плус:

  • јајца и презла за поховање

 

Подготовка:

  1. Се мие и се лупи компирот, па се вари во солена вода.
  2. Се пасира со маргарин и со кисело млеко, изрендан кромид и лук, сол и бибер, вегета, па две изматени јајца.
  3. Се меша смесата и се обликуваат ќофтиња, или пак смесата може да ја ставите во калапи.
  4. Се замрзнуваат, па се вадат од калапите, потоа се потопуваат во смеса од јајца, па презла, па јајца.
  5. Се редат на плех со харѕија и се става масло, па се печат 10 минути на 220 степени, па се превртуваат и се печат уште 10 минути.
  6. За сос се матат сите состојки и се служи сосот со ќофтињата.

singlepost_text