Брзи мини пити со сирење – Цело маало ќе замириса

Брзи мини пити со сирење – Цело маало ќе замириса

Направете највкусни мини пити со сирење.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 3 јајца
  • 3-4 лажици кисело млеко
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 300 гр. сирење
  • 3 лажици масло + за премачкување
  • 2 лажици млеко

Подготовка:

  1. Се матат јајца во сад и се става млеко со сода и масло и ронето сирење, па една кора се премачкува со малку масло.
  2. Се става друга кора над неа и се става масло, па се превиткуваат на пола, се става смеса и се обликуваат питички.
  3. Така се прават сите кори. Се редат на плех со масло и се става горе остатокот од филот измешан со 3 лажици масло и со 2 лажици млеко.
  4. Се печат на 200 степени 30 минути.

Добар апетит!

 

singlepost_text