Лудо тесто со јогурт: Погодно за секакви печива, меко како душа

Лудо тесто со јогурт: Погодно за секакви печива, меко како душа

Најдобро од сѐ е што може да стои во фрижидер по неколку дена.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 500 мл млако млеко
  • 200 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • 1 коцка квасец

Начин на подготовка:

  1. Во вангла просејте килограм брашно и направете вдлабнатина. Во вдлабнатината ставете малку млако млеко и издробете квасец и посипете шеќер. Измешајте со малку брашно и оставете квасецот да нарасне. 
  2. Додајте ги сите останати состојки и замесете глатко тесто. По потреба додајте уште малку брашно додека тестото не престане да ви се лепи за раце. Прекријте го тестото со крпа и оставете го убаво да нарасне. 
  3. Од ова тесто можете да правите погачи, кифли, мекици, пица, што и да посакате. Ако не го потрошите, ставете го тестото во најлонска кеса и оставете го во фрижидер и до неколку дена.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство