Чоколаден колач кој ќе ве освои

Чоколаден колач кој ќе ве освои

Едноставен и лесен за подготовка, а вкусот е феноменален…

Состојки за кора:

  • 1 чаша цврст јогурт
  • 100 мл масло
  • 7 лажици брашно
  • 2 лажици темно какао
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка сода бикрабона
  • 100 мл ладно млеко
  • изрендана кора од 2 портокали

Состојки за крем:

  • 0,5 л млеко
  • 300 мл вода
  • 5 лажици шеќер
  • 3 пудинга од чоколадо
  • 100 гр темно чоколадо
  • сок од 2 портокали за прелив

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги сите состојки за тесто, ставете во плех и печете на 200 степени 15-20 минути. Исцедениот сок од портокал прелијте го преку кората и оставете да впие. 
  2. Млекото ставете го да зоврие со шеќер, во вода разматете пудинг и згответе го во млекото. Кога пудингот ќе биде готов, искршете чоколадо и измешајте да се растопи. Врелиот крем ставете го веднаш преку кората и оставете го колачот да се излади на собна температура. Потоа во фрижидер, а кога ќе се излади сечете на коцки и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула