Идеја за ручек: Пилешки паприкаш со кнедли и млади компири

Идеја за ручек: Пилешки паприкаш со кнедли и млади компири

Ако ви се јаде нешто готвено, пробајте го овој пилешки паприкаш, нема да се разочарате.

Состојки:

  • 600 гр пилешко месо
  • малку суви ребра
  • 1 главица кромид
  • 1 свежа пиперка
  • 300 гр млади компирчиња
  • црвена пипер
  • листови магдонос
  • 1 коцка млада зелка
  • 1 лажица ајвар
  • 1 домат
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • 1 морков
  • малку лук
  • малку бибер во зрно
  • ловоров лист
  • масло

Состојки за кнедли:

  • 2 лажици брашно
  • 1 лажичка гриз
  • 1 јајце
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте сечкана пиперка, сечкан морков на кругови, сечкана млада зелка, па додајте месо, млади компири, црвена пипер, лук, бибер во зрно, ловоров лист и додајте малку вода и продинстајте. Додајте и лута млада пиперка. 
  2. Кога месото и компирите ќе се зготват, додајте лажица ајвар, малку зачин и сол. 
  3. Направете кнедли од јајце, брашно, гриз и малку масло. Вадете со лажица и гответе ги неколку минути. Додајте мелен бибер и листови магдонос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text