Поховани модри патлиџани со лук – Нема пржење на масло, брзо и деликатесно

Поховани модри патлиџани со лук – Нема пржење на масло, брзо и деликатесно

Направете вкусно јадење со модри патлиџани, поховани но без стоење на нозе, туку во рерна.

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • 1 лажиче лук во прав, малку сол и бибер
  • 10 лажица брашно
  • 2 шолји презла
  • 3 јајца
  • 10 лажици масло

Подготовка:

  1. Се лупат модрите патлиџани, се сечат на кругови, им се става сол и се оставаат половина час.
  2. Се мијат потоа и се цедат.
  3. Се премачкуваат две тепсии со масло, секое кругче модар патлиџан се валка прво во брашно измешано со лукот во прав и сол и бибер, па во јајцата изматени и на крај во презлата.
  4. Се редат на подмачканата тепсија и се става горе малку масло.
  5. Се печат на 220 степени околу 15 минути, па се вртат од другата страна и се запекуваат уште десетина минути.
  6. Декорирајте си со магдонос.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Смути за старт на денот

За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек

Неодолив сок од јаболка

Сок од домати – витамини и супер вкус

Слатка зимница: Домашен сок од крушки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета