Овошна палачинка со јагоди: Толку сочна што се топи во уста

Овошна палачинка со јагоди: Толку сочна што се топи во уста

Овој рецепт е идеален за засладување.

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 200 гр брашно
  • 300 гр јагоди
  • малку сол
  • 2 јајца
  • 50 мл масло
  • ванилин шеќер
  • малку шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со лажица и додајте масло, сол, млеко, брашно, па добро изедначете го тестото малку погусто отколку за палачинки.
  2. Тепсијата добро намастете ја со масло, па добро загрејте. Ставете го тестото во загреана тепсија па наредете јагоди.
  3. Вратете ја тепсијата во рерна и печете на 200 степени 30-40 минути убаво да порумени.
  4. Печениот колач посипете го со ванилин шеќер и шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки