Направете брза бела и кремава торта без многу губење време, мака и печење.
Состојки:
- 300 гр. плазма
- 6 дл. млеко
- 2 кеси пудинг од ванила
- 8 лажици шеќер
- 200 гр. маргарин
- 3 кеси шлаг
Подготовка:
- Се двои малку од млекото и се разматува пудинг со шеќер, се загрева остатокот од млекото па се става пудингот и се вари вообичаено.
- Се лади и се става маргаринот во смесата, се мати.
- Се натопува плазмата во млеко.
- Се реди ред плазма, па крем, се додека има состојки.
- Се украсува со изматениот шлаг.
Уживајте!
Повеќе десерти на Готви.мк:Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед