Пилешко со лимон и црни маслинки

Пилешко со лимон и црни маслинки

Сочно пилешко месо со лимон и црни маслинки.

Состојки:

  • 2 батаци
  • 1 парче пилешки гради
  • 1-2 лимони
  • 10-12 црни маслинки
  • 4 чешниња лук
  • магдонос
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото посолете го и побиберете го. Лимонот измијте го и исечкајте го. 
  2. Во сад ставете го пилешкото па распоредете маслинки, лук и лимон. Прелијте со маслиново масло, додајте магдонос. 
  3. Печете на 180 степени додека месото не добие златна боја, околу 45 минути до еден час.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко