Гнезда со јагоди: Супер овошен десерт

Гнезда со јагоди: Супер овошен десерт

Искористете ја сезоната на јагодите и направете супер десерт.

Состојки:

  • 4 белки
  • 250 гр. шеќер во прав
  • малку лимонов сок и сол
  • 1 лажица густин
  • шлаг за горе
  • јагоди

Подготовка:

  1. Се матат белките со малку сол и се додава постепено шеќерот и малку лимонов сок за цврстина. Се мати околу 10 минути.
  2. Се става лажица густин и се соединува со лажица.
  3. Се става смесата во шприц и на плех или во калапи се прават мали гнезда.
  4. Оставете мала вдлабнатина на средина и оставете ги еден час на 100 степени во рерна.
  5. Готови се кога ќе се одлепат.
  6. Горе се ставаат јагоди и шлаг.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта