Компир пита: Крцкав доручек кој сите го сакаат

Компир пита: Крцкав доручек кој сите го сакаат

Пита со компири – направете одличен доручек!

Состојки:

  • 1/2 кг тенки готови кори
  • 2 големи компири
  • 2 парчиња млад кромид
  • 200 гр кисела павлака
  • малку масло
  • 1 лажица гриз
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид на кругови. Компирот изрендајте го па соединете го со кромид. Посолете и побиберете. 
  2. Павлаката малку разматете ја па додајте гриз и измешајте. Првата кора премачкајте ја со павлака, преку неа ставете втора, па и неа намачкајте ја со павлака, најдобро користете четка. 
  3. Од горе нафрлајте рендан компир, ставете и трета кора и премачкајте со павлака, па изрендан компир. Свиткајте ги рабовите и свиткајте во ролат. Редете во плех кој сте го обложиле со хартија за печење. Ролните премачкајте ги со остатокот од павлаката и малку масло. Печете на 200 степени 40-45 минути убаво да порумени. Пресечете и послужете со јогурт.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек