Вкусен ручек: Грав со домати и пиперки

Вкусен ручек: Грав со домати и пиперки

Вкусен ручек од црвен грав, домати и пиперки…

Состојки:

  • 450 гр црвен грав
  • 200 гр пченка
  • 1/2 л лут доматен сок
  • 1 коцка говедска супа
  • 1 лута пиперка
  • бибер
  • сол
  • 2 моркови

Начин на подготовка:

  1. Гравот налијте го со вода навечер, наредниот истурете ја водата, ставете свежа и гответе го гравот со исечкани моркови додека не омекне, па процедете. 
  2. Згответе и процедете пченка, па соединете со гравот, додајте сок од домати и лута пиперка. Кога ќе зоврие додајте коцка за супа и гответе уште 10 минути. Посолете и побиберете по вкус, а можете да додадете и малку босилек и магдонос. Послужете со макарони или варени компири.

Добар апетит!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко