Вкусно јадење: Спанаќ од рерна

Вкусно јадење: Спанаќ од рерна

Брзо и вкусно јадење од рерна…

Состојки:

  • 1/2 кг спанаќ
  • 1-3 парчиња млад кромид
  • 200 мл млеко
  • 1 лажица кисела павлака
  • 200 гр сирење
  • 3-4 чешниња лук
  • 3 јајца
  • масло
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • малку кашкавал

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан млад кромид па додајте сечкан лук и сечкан спанаќ. Испржете да испари течноста. Тргнете од рингла, додајте малку зачин, сол и бибер. Сирењето издробете го со вилушка, додајте павлака и млеко и изедначете. 
  2. Кога спанаќот малку ќе се излади, додајте сирење со јајца и измешајте. Намастете огноотпорен сад со масло па ставете го спанаќот. Посипете со рендан кашкавал, печете околу 35 минути на 200 степени и подолго да испари течноста. Пред крај на готвењето во средина ставете едно јајце.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки