Повкусно од мусака: Кремав компир со сирење

Повкусно од мусака: Кремав компир со сирење

Направете вкусен ручек со компир и сирење.

Состојки:

  • 1 кг. компир
  • 150 гр. сирење
  • 50 гр. маргарин
  • 6 дл. млеко
  • 2 главици кромид
  • 2 јајца
  • бибер, сол и мускатно оревче

Подготовка:

  1. Се мие, лупи и сече компирот на кругови.
  2. Се премачкува тава со маргарин, се прекрива дното со кромид, над него компири, па рендано сирење, сол и бибер и мускатно оревче за арома.
  3. Се става пола од млекото.
  4. Се матат јајцата со млекото кое остана и зачини и се става горе.
  5. Се ренда пак сирење и се пече на 200 степени додека не порумени.

 

Добар апетит!