Кифлички од три состојки – Меки се со денови

Кифлички од три состојки – Меки се со денови

Вкусни кифлички од три состојки за кои секој ќе ви побара рецепт.

Состојки.

  • 1 кг. брашно
  • 40 гр. квасец
  • 8 дл. млеко

Подготовка:

  1. Се става коцка квасец и пола лажиче шеќер во малку топло млеко и се остава да се активира, па се става во брашното во сад со малку сол.
  2. Се става и млекото, се замесува тесто.
  3. Се остава два часа да нарасне на топло.
  4. Се развлекува, се сечат триаголници и се виткаат кифлички.
  5. Се ставаат на плех со хартија и се печат половина час на 180 степени.
  6. Се премачкуваат пред печење со едно јајце и се става горе сусам.
  7. Траат и до три дена.