Медитеранска мусака – Тава полна зеленчук

Медитеранска мусака – Тава полна зеленчук

Направете вкусна медитеранска мусака.

Состојки.

  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 2 домати
  • 1 главица кромид
  • 1 лажиче оригано и босилек
  • ½ лажички бибер
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажица презла
  • 100 гр. моцарела
  • сол и малку магдонос

Подготовка:

  1. Се мијат и се лупат, па сечат на коцки модриот патлиџан и тивичката.
  2. Се става сол и се оставаат два часа да пуштат сок.
  3. Во огноотпорен сад се става масло, па се редат модрите патлиџани исцедени од сокот, се става на кругови кромидот горе, па еден сечен домат, пола од зачините, па исцедени тиквички, па исечен и вториот домат, и зачините, па презла.
  4. Се пече на 180 степени 20 минути.
  5. Се става горе магдонос и моцарела изрендана па се пече уште 10 минути.