Неодолив гулаш: Сочно месо кое се топи во кремаст сафт

Неодолив гулаш: Сочно месо кое се топи во кремаст сафт

Гулаш кој се прави брзо и лесно…

Состојки:

  • 600 гр јунешка кртина
  • 4 компири
  • 100 гр чадена сланина Пекабеско
  • 4 зелени пиперки
  • 1 лута зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 2 лажички зачин
  • 1 лимон
  • 1 лажица црвена пипер
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка ким
  • 100 мл бело вино
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ја мешавината од зачини, ким, црвена пипер. Додајте изгмечен лук, ситно изрендана кора од лимон, ситно сечкана лута пиперка и масло. Посолете, побиберете, додајте парчиња месо и оставете да отстои 12 часа. 
  2. Во намастена огноотпорна чинија редете парчиња сланина, ред компири, кромид и пиперки. Посолете и ставете месо со зачини. На месото наредете го останатиот кромид, останатото месо и пропрскајте со масло. Печете еден час на 200 степени. 
  3. Извадете од рерна, прелијте со бело вино и додајте околу 400 мл вода. Печете уште 30 минути на иста температура. 
  4. Послужете со варен ориз и изладено бело вино.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text