Гулаш кој се прави брзо и лесно…
Состојки:
- 600 гр јунешка кртина
- 4 компири
- 100 гр чадена сланина Пекабеско
- 4 зелени пиперки
- 1 лута зелена пиперка
- 1 главица кромид
- 2 лажички зачин
- 1 лимон
- 1 лажица црвена пипер
- 4 чешниња лук
- 1 лажичка ким
- 100 мл бело вино
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ја мешавината од зачини, ким, црвена пипер. Додајте изгмечен лук, ситно изрендана кора од лимон, ситно сечкана лута пиперка и масло. Посолете, побиберете, додајте парчиња месо и оставете да отстои 12 часа.
- Во намастена огноотпорна чинија редете парчиња сланина, ред компири, кромид и пиперки. Посолете и ставете месо со зачини. На месото наредете го останатиот кромид, останатото месо и пропрскајте со масло. Печете еден час на 200 степени.
- Извадете од рерна, прелијте со бело вино и додајте околу 400 мл вода. Печете уште 30 минути на иста температура.
- Послужете со варен ориз и изладено бело вино.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви