Буковки со пилешко

Буковки со пилешко

Уживајте во ова вкусно јадење…

Состојки:

  • 600-700 гр пилешки гради
  • 250 гр буковки
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 200 мл неутрална павлака
  • 100 мл масло
  • 1 лажица сув зачин
  • бибер
  • 1 лажичка куркума

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на мали парчиња, може на шницли или ленти. Буковките исечкајте ги на коцки или ленти. 
  2. На загреано масло ставете го пилешкото и кратко пропржете го десетина минути од двете страни. Додајте кромид и лук и пропржете. Додајте исечкани буковки, зачинете и пржете додека и тие не омекнат. За десетина минути се готови. 
  3. Потоа прелитје со неутрална павлака и динстајте уште 5 минути. Јадењето е готово, послужете го со салата, варен ориз или компир.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

singlepost_text