Пилешки гради полнети со фета и спанаќ

Пилешки гради полнети со фета и спанаќ

Вкусно пилешко месо кое се топи во уста.

Состојки:

  • 1 парче пилешки гради
  • 50 гр спанаќ
  • 50 гр фета сирење
  • 50 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка зачин

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги зачините и премачкајте го месото од внатре и до надвор, а потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете во фрижидер неколку часа или преку ноќ за месото да ги впие зачините. 
  2. Издробете сирење и измешајте го со обварен и крупно исечкан спанаќ. Пилешките гради исечете ги само од едната страна и наполнете ги со фил, па благо притиснете со раце месото да се спои. Месото пржете го на тава или во огноотпорен сад во рерна. Доколку се одлучите за вториот начин, печете околу 30 минути на 180 степени. Јадењето послужете го со варен грашок или зеленчук по избор и салата.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text