Крем супа од млад кромид

Крем супа од млад кромид

Вкусно предјадење од млад кромид…

Состојки:

  • млад кормид
  • 1 компир
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 лажица соја сос
  • 1/2 лажичка сушено оригано
  • 750 мл вода
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На загреано маслиново масло кратко пропржете лук. Додајте млад кромид и динстајте 4-5 минути на слаб оган. Додајте компири, посолете, побиберете по вкус. 
  2. Додајте вода, измешајте, поклопете ги гответе на слаб оган додека компирот не се зготви. Оставете ја супата малку да се излади, а потоа измиксајте додека не стане кремаста. 
  3. Додајте соја сос и оригано и повторно ставете на оган и гответе уште 5 минути. Ако супата е премногу густа, за време на готвењето можете да ја разредите со малку вода. Пред послужување украсете ја секоја порција со листови млад кромид и магдонос.

Добар апетит!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

 

singlepost_text