Брзи погачи со сирење – Појадок од кој цело маало ќе мириса

Брзи погачи со сирење – Појадок од кој цело маало ќе мириса

Направете вкусни погачи со сирење.

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 250 гр. маргарин
  • 400 гр. сирење
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце
  • 1 кесе квасец
  • 100 мл. вода

Подготовка:

  1. Се става квасецот во 100 милилитри млака вода и се додава потоа брашно со сирење ронето, маргарин и сол.
  2. Се меси тесто и се остава да нарасне половина час.
  3. Се развлекува тесто, па се прави ролат.
  4. Се остава 10 минути па се развлекува.
  5. Се вадат погачи со шолја и се ставаат на плех за печење со маргарин, се премачкуваат со јајца разматени и се печат 30 минути на 200 степени.

Добар апетит!