Десерт кој не се заборава: Мафини со кандирано овошје

Десерт кој не се заборава: Мафини со кандирано овошје

Мафините се нешто брзо и лесно, а воедно вкусно и затоа сите ги сакаме.

Ова е се што ви треба за есни и шарени мафини, па веднаш ќе отрчате во кујна.

Состојки:

  • 250 гр. брашно остро
  • 1 лажиче сода
  • 2 јајца
  • 125 мл. млеко
  • 125 гр. шеќер
  • 1 лажица сок од лимон
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 100 гр. кандрано овошје
  • 125 мл. јогурт
  • 125 мл. масло
  • 100 гр. шеќер во прав
  • малку сол

Подготовка:

  1. Се става во сад брашно со прашок за пециво и сода, малку сол и поголемиот дел од овошјето, другото е за декорација, и се меша.
  2. Се ставаат јајца во друг сад и се матат, па се додава јогурт, млеко и масло, шеќер и се заедно се меша со жица.
  3. Се става оваа смеса во садот со брашно и се меша.
  4. Се премачкуваат калапи за мафини со масло и се става смеса 2/3 од висината, па се печат на 200 степени 20 миути.
  5. Се преливаат кога се готови со смеса од лимонов сок, шеќер во прав и горе остатокот од овошјето за декорација.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

 

singlepost_text