Повеќе од деликатес: Лазања полна зеленчук

Повеќе од деликатес: Лазања полна зеленчук

Направете вкусни лазањи полни зеленчук. Ако ви е доста од болоњезе лазањите и сакате нешто ново и вкусно, ова е супер идеја за вас.

Состојки:

  • 150 гр. тесто за лазањи
  • 1 главица кромид
  • 800 гр. сечени домати
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 јајца
  • 700 гр. блитва
  • 4 чешни лук
  • 5-6 листови босилек
  • 150 гр. гауда
  • 50 гр. пармезан
  • сол, бибер и маслиново масло

Подготовка:

  1. Се чисти и мие блитвата и се става малку во врела вода, па се сече ситно.
  2. Се загреваат две лажици маслиново масло на тава и се става сечениот кромид, сечениот лук, малку сол и се пржи да омекнат, па се става блитвата, се става капак и се остава да се динста да омекне.
  3. Се става сол и бибер, се меша и трга од оган.
  4. Се става водруга тава сецканиот домат и исечен босилек, шеќер и лажица до две маслиново масло и се меша се убаво.
  5. Се премачкува дно на огноотпорен сад со масло маслиново и се става слој тестенини за лазања, па се става сос од блитва, па домати, , па изрендан кашкавал, малку маслиново масло горе и се става друг ред лазањи.
  6. Вака се прави додека има смеса, а последниот ред лазањи се прелива со матени јајца и 2-3 лажици рендан кашкавал и пармезан.
  7. Се пече на загреана рерна на 190 степени 20 минути.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук