Брз ролат со шунка и кашкавал

Брз ролат со шунка и кашкавал

Брз и вкусен ролат од готови кори за пита.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • сол
  • 250 гр шунка Пекабеско исечкана на листови
  • 200 мл кечап
  • 300 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, јогурт, масло и сол. 
  2. Поделете ги корите на 2 дела. Секоја кора премачкајте ја со фил и редете една врз друга. Последната премачкајте ја со кечап. 
  3. Наредете шунка и 150 гр изрендан кашкавал. Свиткајте ролат. 
  4. Постапката повторете ја и со другиот дел од корите. Двата ролата премачкајте ги со фил. 
  5. Печете во претходно загреана рерна на 220 степени, додека ролатот не добие светло браун боја.

Добар апетит!

singlepost_text