Триаголници полни спанаќ и сирење – Цела куќа ќе замириса

Триаголници полни спанаќ и сирење – Цела куќа ќе замириса

Направете вкусни триаголници за појадок со спанаќ и маслинки.

Состојки:

  • 200 гр. спанаќ
  • 200 гр. сирење
  • 100 гр. маргарин
  • 100 мл. масло
  • 2 јајца
  • 300 гр. брашно
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажици сусам
  • 30 маслинки без семка

Подготовка:

  1. Се одвојува само една белка од јајцата за премачкување.
  2. Се чисти спанаќот, се става во врела вода и се цеди, па се сече ситно.
  3. Се сее 250 грама брашно со омекнат маргарин. Се мати жолчката со јајцето кое остана и се става сол, се меша со спанаќот, се става во брашното, се рони сирење и се додава масло.
  4. Се меси тесто со додавање на останатото брашно. Се дели на два дела, па се развлекуваат топките, се сечат квадрати, се става маслинка и се преклопува триаголникот.
  5. Се редат на плех со хартија, се премачкуваат со белка, се става сусами се печат 15 минути на загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!