Компир топчиња

Компир топчиња

Брзо и вкусно предјадење…

Состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 150 гр шунка Пекабеско
  • 150 гр мајонез
  • 1 чешне лук
  • 50 гр кашкавал
  • 1 лажица павлака Пекабела
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги во лушпа, изладете ги, излупете ги и испасирајте ги. Додајте сечкана шунка, изгмечен лук, мајонез, павлака, сол и бибер.
  2. Добро измешајте ја масата со раце, правете бомбици и извалкајте ги во рендан кашкавал. По желба, посипете ги со сечкан магдонос.
  3. Послужете како ладно предјадење.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта