Брзо и едноставно: Торта со мелени бисквити и готови кори

Брзо и едноставно: Торта со мелени бисквити и готови кори

Ако сакате да ги воодушевите домашните или гостите, оваа торта е идеална – готова е за 20 минути.

Состојки:

  • 1 пакување тенки купечки кори од 700 гр
  • 500 гр маргарин на собна температура
  • 250 гр шеќер во прав
  • 300 гр мелени бисквити
  • 2 чаши кисела павлака Пекабела
  • 500 мл слатка павлака
  • 1 пакување чоколадно млеко од 200 мл
  • 2 кесички крем шлаг

Начин на подготовка:

  1. Разматете маргарин со шеќер во прав. Додајте мелени бисквити и кисела павлака. Посебно разматете слатка павлака. На тацна ставете кора, па натопете ја со чоколадно млеко. Преку кората намачкајте 1/3 фил со бисквити, а потоа преку бисквитите разматете 1/3 слатка павлака. Ставете друга кора, натопете ја со чоколадно млеко, па повторете го филувањето. Истото направете го и со третата кора. 
  2. Крем шлагот подгответе го по упатството на кесичката, па премачкајте од сите страни и украсете по желба.

Уживајте!