Вкусен ручек: Мусака од рендан компир

Вкусен ручек: Мусака од рендан компир

Подгответе вкусен ручек од компири кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 200 гр кромид
  • 1 кг компири
  • 2 јајца
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 3 дл млеко
  • 1 дл масло
  • малку сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечканиот кромид пропржете го на масло. Додајте мелено месо и динстајте додека не испари водата која ќе ја испушти месото. Тавата тргнете ја од оган, додајте сол и бибер и добро измешајте. 
  2. Компирите исчистете ги, измијте ги и изрендајте ги. Додајте месо и добро измешајте. Смесата ставете ја во намастена тепсија. 
  3. Разматете јајца, млеко и павлака и рамномерно прелијте преку компирите и месото. Печете на 200 степени околу половина час, или додека компирите не поруменат.

Добар апетит!

singlepost_text