Крцкави и вкусни поховани пиперки полнети со сирење

Крцкави и вкусни поховани пиперки полнети со сирење

Веруваме дека ќе го обожавате ова јадење…

Состојки:

  • 100 печени црвени пиперки
  • 400 гр сирење
  • 100 гр брашно
  • 3 јајца
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка вегета
  • 3-4 дл масло

Начин на подготовка:

  1. Печените црвени пиперки исчистете ги од лушпите и петелките. Во посебен сад издробете сирење со вилушка, додајте едно јајце, малку сол и вегета, па изедначете ја масата.
  2. Секоја пиперка расечете ја на едно место по должина и во направениот отвор ставајте од подготвеното сирење, па малку стегнете ги пиперките.
  3. Извалкајте ги во брашно, а потоа во разматени јајца, во кои сте додале малку вегета.
  4. Пржете по две до три минути од двете страни, за пиперките убаво да поруменат.
  5. Вадете ги на хартиена салфета за да ја впие маснотијата.

Добар апетит!

singlepost_text