Брзо и вкусно: Запечена паста со пилешко

Брзо и вкусно: Запечена паста со пилешко

Брзо и вкусно јадење од тестенини и пилешко месо…

Состојки:

  • 200 гр макарони
  • 450 гр бело пилешко месо
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 600 мл пасирани домати
  • 60 гр крем сирење
  • 1 шолја моцарела
  • 1/4 шолја пармезан
  • 1,5 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Згответе ги тестенините. Во меѓувреме пропржете го пилешкото во голема тава на средно силен оган. После 2 минути додајте пиперки и пржете ги 3 минути. 
  2. Измешајте сос и гответе го околу десет минути додека пиперките не омекнат, а пилешкото не стане златно. Додајте моцарела и мешајте минута. Исцедете ги тестенините па додајте ги во сосот со пилешко. 
  3. Ставете половина од смесата во огноотпорен сад. Посипете со пармезан и прекријте со остатокот од тестенините. Печете 20 минути.

Добар апетит!

singlepost_text