Посебни домашни ишлери: Кремот заменете го со џем

Посебни домашни ишлери: Кремот заменете го со џем

Направете домашни ишлери.

Состојки:

  • 180 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 100 гр. печени мелени лешници
  • 200 гр. брашно
  • џем од кајсии
  • 250 гр. шеќер во прав за глазура
  • 100 гр. чоколадо за глазура
  • пола чаша вода за глазура
  • 1 топче маргарин за глазура

Подготовка:

  1. Се меси тесто и се остава во ладилник половина час.
  2. Се развлекува и се вадат кругови или форми со калапи па се печат на 180 степени додека не поруменат.
  3. Се става џем на нив се спојуваат два круга.
  4. Може да ставите и глазура чоколадна направена од кога ќе го сварите шеќерот со вода па чоколадото и маргарин, а ако не сте љубител може и да ја изоставите.

 

Уживајте!

singlepost_text