Гевреци полни сусам – Омилениот појадок од пекарите направете го дома

Гевреци полни сусам – Омилениот појадок од пекарите направете го дома

Направете вкусни гевреци со сусам.

Состојки:

  • 750 гр. брашно
  • 1 квасец
  • 200 мл. топла вода
  • 200 мл. млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2-3 лажици масло
  • 2 л. вода за варење на гевреците
  • 1 лажица сол
  • 6 лажички сода
  • сусам за горе

Подготовка:

  1. Се раствара квасецот во млеко со сол и шеќер и вода.
  2. Се сее брашното и се меша со смесата, се меси меко тесто и се дели на 12 дела.
  3. Се месат топки и се оставаат 10 минути да нараснат.
  4. Се варат 2 литри вода во шерпа, се делат топките на два дела, се формира круг односно гевреч така што се лепат два круга и се притиска на краевите.
  5. Се додава сол и сода во шерпата и се пушта секое геврече на 30-40 секунди.
  6. Се вадат и е става сусам.
  7. Се редат во плех со хартија се запекуваат на 200 степени додека не поруменат.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text