Велигденски ролат со готови кори, млад кромид и сирење

Велигденски ролат со готови кори, млад кромид и сирење

Солен ролат од купечки гори, многу вкусен и мек.

Состојки:

  • 4 тенки кори за пита
  • 3 јајца
  • 100 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 100 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол

Состојки за фил:

  • 250 гр сирење
  • 100 гр мајонез
  • 4-5 парчиња млад кромид

Начин на подготовка:

  1. Направете премаз, разматете јајца, додајте јогурт, масло, брашно, прашок за печиво и сол. Сѐ изедначете да нема грутки. На голема тепсија од рерна ставете хартија за печење, кора, премаз, кора, премаз, кора, премаз, кора, премаз во тенок слој. Вклучете ја рерната на 220 степени да се загрее, а за тоа време кората нека отстои. 
  2. Печете 15-20 минути. Печената кора прекријте ја со крпа и после 5 минути свиткајте ја со хартијата за печење и оставете да се излади. 
  3. За фил исечкајте млад кромид па измешајте со сирење и мајонез. Премачкајте ја кората, свиткајте, оставете неколку часа во фрижидер па исечете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

singlepost_text