Повкусни од поховани: Тиквички деликатес со моцарела и кашкавал

Повкусни од поховани: Тиквички деликатес со моцарела и кашкавал

Направете вкусни тиквички, но на поинаков начин.

Состојки:

  • 2 тиквички средни
  • 1 јајце
  • брашно, бибер и сол
  • 4 кругови шунка
  • 1 парче моцарела
  • масло и малку млеко
  • кашкавал(количина по избор)

Подготовка:

  1. Се прави сос од брашното со јајце и малку млеко, треба да биде малку погуст од смеса за палачинки, се става сол и бибер.
  2. Се сечат тиквичките по должина, се ставаат веднаш во смесата, па се пржат така н загреано масло.
  3. Се ставаат на салфета да впие маснотија, се редат потоа по должина во фолија, се става горе салама, моцарела и кашкавал, се замотува полека како ролат со фолијата, се затвара добро фолијата и е става на 20 минути на 180 степени.

singlepost_text