Тестенини со колбаси

Тестенини со колбаси

Брз ручек – вкусни тестенини со колбаси…

Состојки:

  • 300 гр спирални макарони
  • 500 гр колбаси Пекабеско
  • 150 гр мајонез или 200 мл кисела павлака
  • зелена салата
  • сол
  • бибер
  • масло
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Макароните згответе ги во посолена вода со половина лажица масло. За тоа време исечкајте ги колбасите на кругови и испржете ги на масло. 
  2. Изладените макарони и колбаси ставете ги во чинија, додајте сол, бибер, мајонез или кисела павлака, зелена салата и сѐ добро измешајте. Преку посипете оригано.

Добар апетит!

singlepost_text